Министерството за енергетика соопшти дека одлуката е донесена во национален интерес, по сеопфатен преглед на политиката и капацитетот за производство

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека од 1 мај ги напуштаат групите ОПЕК и ОПЕК+ на големите земји производители на нафта по речиси 60 години, пишуваат светските медиуми.
ОАЕ, седмиот најголем производител на нафта во светот, изјавија дека одлуката ја одразува нивната „долгорочна стратешка и економска визија и еволуирачкиот енергетски профил“.
Би-би-си пишува дека одлуката се смета за удар врз картелот, а еден аналитичар го опишува излегувањето како „почеток на крајот на ОПЕК“.
ОАЕ се приклучија на ОПЕК во 1967 година, а нивното заминување ќе ја остави групата со 11 членови.
Одлуката следува по она што официјални лица го опишаа како „сеопфатна евалуација“, вклучувајќи го и разгледувањето на тековните „пречки“ во Заливот и Ормускиот Теснец, пренесе ДПА.
Министерството за енергетика соопшти дека одлуката е донесена во национален интерес, по сеопфатен преглед на политиката и капацитетот за производство.
„Ја потврдуваме нашата благодарност за напорите на ОПЕК и алијансата ОПЕК+ и им посакуваме успех“,
се вели во соопштението на Министерството за енергетика и инфраструктура.
Објавата доаѓа еден ден пред закажаниот состанок на ОПЕК во Виена.
