Според објавата на социјалните мрежи, студентите од надлежните ќе бараат издвојување средства од Буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, како и целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата. Бараат и изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација во високото образование
Меѓународниот ден на студентите – 17 Ноември, утре симболично ќе биде одбележан со студентски марш, во кој неколку универзитетски студентски собранија заедно со движењето „Студентски отпор“ ќе ги повторат своите барања до надлежните за подобар студентски стандард.
Според објавата на социјалните мрежи, студентите од надлежните ќе бараат издвојување средства од Буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, како и целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата. Бараат и изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација во високото образование.
Маршот треба да започне утре во 17:30 часот пред зградата пред Владата, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука (МОН). Освен здружението „Студентски отпор“, на маршот ќе присуствуваат и универзитетските собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип.
„Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието меѓу кои, средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот! Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард! Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања“,
стои во објавата на УСС при УКИМ на социјалните мрежи.