Нјамладата жртва на коронавирусот е новороденче од Велика Британија. Мајката на бебето неколку дена пред да се породи била хоспитализирана во болницата Норд Мидлсекс во Лондон поради сомнеж на лекарите дека има воспаление на белите дробови. Подоцна било утврдено дека се работи за коронавирус, пишува британски Сан.
Од синоќа, таа и нејзиното бебе се лечат во два различни оддели, новороденчето на неонатологија а мајката е префрлена во инфективниот оддел иако од Кралскиот колеџ на акушери и гинеколози советувале тие да бидат заедно за мајката да може да го дои,
Дека мајката е позитивна на коронавирус се дознало дури откако се породила, а веднаш било тестирано и бебето. Лекарите утврдуваат дали тоа се заразило уште во нејзината матка или во текот на породовањето.
Од болницата за Сан изјавиле дека актуелната здравствена состојба не навестува компликации ниту кај мајката ниту кај бебето.
Медицинскиот персонал кој бил во контакт со заразената мајка и со бебето е во самоизолација.