Новиот амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, пристигна во земјава.
„Пристигнав во Скопје. Со нетрпение чекам да ги запознаам целата земја и нејзиниот народ и во исто време да обезбедам поддршка за нејзината интеграција во ЕУ“,
напиша на Твитер, Дејвид Гир, новиот амбасадор на Европската Унија во земјава.
Дејвид Гир се сретна со шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој ги прими копиите од акредитивните писма за неговото именување.
Гир доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар, кој ја извршуваше функцијата шеф на Делегацијата на Европската комисија во земјава од 1 септември 2016 година.