Новинари се собраа пред полициска станица во главниот град на Белорусија, Минск, за да го искажат својот револт поради приведувањето на неколкумина нивни колеги.
Полицијата вчера привела 75 лица, меѓу кои и осум новинари од белоруските медиуми, под обвинение за учество во демонстрации за кои немало дозвола. Во Белорусија веќе три недели се протестира против старо-новиот претседател Александар Лукашенко и против изборните резултати за кои и опозицијата смета дека се наместени.
Приведените новинари би можеле да добијат парични казни или затвор до 15 дена доколку бидат обвинети и осудени.
„Сведоци сме на незаконските активности на агенциите за спроведување на законот, кои ги замолчуваат новинарите без да се грижат за методите“,
рече Олга Лоико, новинарка на белорускиот онлајн магазин tut.by.
Белоруските власти во неколку наврати приведуваа новинари од локални и странски медиуми кои известуваа за протестите против претседателот Александар Лукашенко. Меѓу нив беа дописниците на Ројтерс, АП, ТАСС, РИА Новости, Дојче Веле и Радио Свобода.
Некои се ослободени, а на други им е наредено да ја напуштат земјата.