Новата малопродажна цена на еуродизелот ќе изнесува 76 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 75 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе изнесува 87,5 денари за литар
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), одлучи од ноќеска да има поевтинување на дел од горивата. За еден денар по литар поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на бензинот еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар по литар.
Новата малопродажна цена на еуродизелот ќе изнесува 76 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 75 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе изнесува 87,5 денари за литар.
Цената на еуросупер БС-95 и понатаму ќе остане иста, односно 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која ќе изнесува 45,459 денари.