Нови девет аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“ се објавени на Јутјуб на каналот со име „U6e Big“, на кој на 7 декември беа објавени седум.
И на овие се слуша гласот на Орце Камчев, бизнисменот кој е осомничен во „Империја“, а кој го пријави и е сведок во случајот „Рекет“. И овие снимки се кратки, а покрај гласот кој наликува на Камчев, во некои се слушаат и соговорници.
Според разговорите, дел од снимките најверојатно се направени откако Камчев им дал еден милион евра на Бојан Јовановски и на Зоран Милески Кичеец:
„Има ГПС, све има. У рачка у металното“, а во истата снимка потоа одговарајќи на прашање истиот глас вели: „ Не знам, куферот не е кај Заев“.
За некои од аудио снимките може да се претпостави дека се направени и откако италијанскиот весник „Ла Верита“ ги објави видеата од безбедносните камери во домот на Камчеви.
„Видовте колку прегледи има снимката за парите?“, се вели во една од снимките, а потоа истиот глас додава: „Милион ипол. Најголемиот …. ги лапа со Сашо со бомбите, 300 илјади. Ова за 24 саата стигна 800, што значи милион ипол прегледи“.
Еве ги новите снимки според редниот број под кој се објавени:
8.
„Богат човек, премиер си, си направил услуги на светот, на запад. Седни изиграј малце, напрај седни со Христијан договори се…. Се е договор, што има тепање, крвови да има. Он во оваа битка губи, он нема нуклеарка. Он има хеликоптери од Љубе Бошковски на времето оние и тие не стануваат… Ова вака од Софија ќе иде, таууу-браууу кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега, Геро ќе биде“, се слуша во снимката со гласот кој потсетува на Камчев.
9.
Во оваа снимка се слуша и глас на уште еден соговорник. По разговорот кој тешко се разбира и се слуша смеење, следува дијалог:
„Видовте колку предлог има снимката за парите?“.
„Не сум“.
„Милион и пол. Најголемиот …. ги лапа со Сашо со бомбите, 300 илјади. Ова за 24 сата стигна 800 што значи милион ипол прегледи… Не, кога гледаат кеш е друга прикаска“.
„Боки со куфер со она, со ова, што беше“.
„Тоа не е се, го нема она кога го отвора Боки, 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова пеески’. Викам „Капитал, гледаш, не си бизнисмен, судбина’. Јас намерно, го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’, и тоа го збори“.
10.
„Дали од кај Вилма се… Таму кој знае кој работи за ВМРО. Утре новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. Хе.. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во комјутер“.
11.
„Се знае точно кој ги има сработено. Они кога се уште ретардирани, во институции имаат луѓе… ти знаеш што значи на истражител да му дадеш 100.000 евра да ти даде стикче? 100.000 евра?“.
12.
И во оваа снимка се слуша уште еден соговорник.
„Добро Боки вистина ги однесе парите таму?“
„Тоа не смеам да зборам, тоа е дел од истрага. Има ГПС, све има. У рачка, у металното“.
„Му ги дал така?“
„На кого?“
„На него“.
„Не знам, куферот не е кај Заев“.
13.
„И му се јавувам на Зоки. На наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука неќев да зборам, заради тоа си станав… ‘Како што сте договорили, тако е ураџено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти рекоа, тако је урадио. Никад није био на ниједан састанак осим кад ме је позвала тужитељица. Молим те, уради да га што пре позове, да каже све како што си му рекао. Велики поздрав за њега’“
14.
Снимката со број 14, „360 Степени“, не ја објавува затоа што соговорниците користат вулгарни и навредливи зборови и се однесува на наводен интимен однос меѓу две лица.
15.
Според она што може да се слушне во оваа снимка, се добива впечаток дека се цитираат пораки од комуникација со некого.
„Пишувам: Tе молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо, во две деца ти се колнам. Мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишував брат, му го имам на документ ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане европска држава, правна држава. Вика да идеш утре да се пријавиш инаку ти ќе одговараш“.
16.
„А, што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово нè пушти. Не нè пуштија они, што зборите вие?“.
Од Јавното обвинителство за „360 степени“ велат и овие снимки ќе подлежат на истрагата што викендов ја отворија за првите седум снимки кои беа објавени на истиот канал во саботата.