Романија воведе нови мерки во Букурешт за заштита од ширењето на новиот коронавирус. Од утре, носењето маска ќе биде задолжително во затворени простории и на отворено.
Како што најавија градските власти забрането е работењето на киносалите, театрите и концертните сали, како и на рестораните, освен оние во хотелите и пансионите, кои имаат право да служат само гости во нивните објекти.
Со работа може да продолжат само угостителски објекти кои дејноста ја извршуваат на отворено. Новите мерки ќе бидат на сила две недели.
Денеска се одржа состанок на општинскиот комитет за вонредни состојби во Букурешт, откако прагот од три случаи на ковид-19 на 1 000 жители беше пренесен во романскиот главен град.
Во последните 24 часа, во Букурешт се регистрирани 581 нов случај на ковид-19, а во целата земја потврдени се 2 466 нови случаи во земјата со извршени 8 040 тестови. Педесет и девет луѓе починаа, а 757 се на одделите за интензивна нега.