Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, бројката на заразени пациенти до 12 часот денеска, изнесува 85, соопштија од Министерството за здравство.
Според местото на постојано живеење, случаи на коронавирус во земјава има во шест градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.
„Состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од Клиниката“,
соопштија од Министерството.