Во последното деноноќие се пријавени осум смртни случаи, а еден е од пред два дена
Во последните 24 часа се регистрирани нови 308 случаи на ковид-19, д направени вкупно 2 643 тестирања, информираше Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се 246 пациенти, а починале осум лица.
Од новите случаи, во Скопје се 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 1.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Битола – 25, Кавадарци и Прилеп – по 17, Куманово и Берово – по 11, Кочани – 10, Велес – 9, Штип – 7, Делчево – 6, Охрид – 5, Гостивар – 4, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 3, Гевгелија – 2, Неготино, Виница и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум смртни случаи како последица на ковид-19; Тројца починати се од Скопје (64г, 67г и 86г), додека по еден смртне случај има во Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително е пријавено едно починато лице од Кавадарци (86 години), со датум на смрт на 10 декември, во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 502 730 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219 408, бројот на оздравени пациенти е 205 946, на починати е 7 732, а бројот на активни случаи изнесува 5 730.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 96 072, Активни 2 784
Куманово 13 005, Активни 175
Тетово 11 374, Активни 90
Прилеп 10463, Активни 348
Битола 8 958, Активни 490
Гостивар 8 081, Активни 21
Велес 7 396, Активни 174
Кавадарци 7 181, Активни 248
Штип 6 655, Активни 104
Охрид 6 602, Активни 221
Струмица 6 185, Активни 124
Кичево 4 255, Активни 58
Кочани 4 061, Активни 103
Струга 3 915, Активни 29
Гевгелија 2 836, Активни 78
Неготино 2 593, Активни 47
Свети Николе 2 135, Активни 41
Крива Паланка 1 920, Активни 70
Ресен 1 776, Активни 61
Радовиш 1 770, Активни 63
Берово 1 470, Активни 42
Дебар 1 456, Активни 0
Делчево 1 440, Активни 88
Виница 1 164, Активни 15
Пробиштип 1 130, Активни 25
Валандово 967, Активни 42
Кратово 782, Активни 24
Богданци 657, Активни 26
Демир Хисар 624, Активни 49
Крушево 597, Активни 32
Македонски Брод 512, Активни 18
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 423, Активни 24
Пехчево 355, Активни 7 Дојран 172, Активни 7