Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјава, што значи дека вкупниот број изнесува 177 лица, информираше Министерството за здравство.
Од новите 29 потврдени случаи, 20 се во Скопје, по тројца Куманово и Велес, двајца во Прилеп и еден во Дебар.
Од вкупниот број 177 заболени во земјава, двајца починаа и еден е излекуван.