Во земјава денеска пристигнаа нови околу 110 илјади вакцини против ковид од производителот „Фајзер/Бионтек“, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
„Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното“,
пишува Филипче на Фејсбук.
Тој додава дека вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата.
„Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход“,
додава Филипче.