Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледуваше производството на жито во Украина за време на војната, од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавиле наводите поврзани со настани од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“,
им рече тој на новинарите во Киев откако Националната канцеларија за борба против корупцијата на Украина објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување државно земјиште во вредност од 291 милион гривни (околу 6,9 милиони евра) и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата до крајот на пролетта.