Алармот беше вклучен откако се појавија четири случаи на заразени, сите членови на едно семејство во Јужен Оукланд, при што ниту еден од нив не патувал надвор од земјата
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го продолжи карантинот во земјата за 12 дена, откако бројот на случаи во еден кластер се зголеми за 29.
На почетокот на епидемијата, Нов Зеланд успешно го бореше вирусот и 102 дена немаше ниту еден случај на зараза.
Карантинот е продолжен за 12 дена, бидејќи, според Ардерн, толку е потребно да се открие кластерот, а потоа и да се изолира. Таа рече дека сите 29 случаи се поврзани со еден кластер во Оукленд, поради што 38 лица се во изолација.
Следењето на контактите на заразениот покажале дека не е поврзан случајот со влез или излез од некоја земја, а властите очекуваат уште случаи од истиот кластер.
Министерот за здравство Крис Хипкинс претходно изјави дека со тестирање на геноми на најновиот случај, утврдено е дека вирусот е увезен од Велика Британија или од Австралија, но допрва треба да се утврди на кој начин стасал до заразеното семејство. Тој ги отфрли шпекулациите на некои експерти дека вирусот „тивко се ширел низ Оукленд со недели наназад“, посочувајќи дека постојат сигурни докази дека таа претпоставка не е точна.
Рестрикциите се воведени од пред два дена и предвидуваат затворање на угостителските објекти и продавници кои не се неопходни, затворање на школите и забрана за излегување освен за набавка на намирници.
Алармот беше вклучен откако се појавија четири случаи на заразени, сите членови на едно семејство во Јужен Оукланд, при што ниту еден од нив не патувал надвор од земјата.