Италија ги забележа најкатастрофалните 24 часа од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Според најмновите податоците, во последното деноноќие регистрирани се 969 смртни случаи, што е најголема бројка досега, јавува „Блумберг“.
Овие статистики се објавени и на италијанскиот веб-сајт „Lab24“, каде секој ден во 17:30 часот се објавуваат податоците за последните 24 часа.
Со новите смртни случаи, вкупниот број во Италија се искачи на 9 134.