Според првичните информации, земјотресот бил со магнитуда од 5 степени по Рихтеровата скала, и е регистриран на 45 километри југоисточно од Загреб.
Вечерва во 18:01 часот, нов силен земјотрес од 5 степени по Рихтер повторно ја затресе Петриња. Како што пренесуваат хрватските медиуми, земјотресот траел десетина секунди. Засега нема податоци дали земјотресот предизвикал нови уривања.
Според ЕМСЦ, земјотресот силно се почувствувал во Сисак, Петриња, Велика Горица и Загреб.