Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека вчера се регистрирани 307 930 новозаразени лица со ковид-19, што е рекорден број за еден ден.
Претходниот рекорд беше регистриран на 6 септември, кога во еден ден имаше 306 857 нови случаи.
Најголем пораст на заразени, според СЗО, и понатаму има во Индија (94 372 нови случаи), САД (45 523) и Бразил (43 718).
Бројот на починати во текот на вчерашниот ден, пак, изнесува 5 537, со што вкупната бројка на смртни случаи во светот се искачи на 917 417.
Црниот рекорд според бројот на починати го држи 17 април, кога СЗО регистрира 12 430 смртни случаи.