Студијата, која е изработена од Фондацијата „Вестминстер“, во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ), покажува и дека дури 84 отсто од младите веруваат дека не можат да влијаат врз тоа што и како работат властите
Извршниот директор на Младинскиот образовен форум (МОФ), Димитар Низамовски, во вечерашната дебата на „360 степени“ на тема политичкото учество на младите во земјата, се осврна на податоците од студијата за социо-политичкото учество на младите во С Македонија која открива дека околу 60 отсто од младите во земјава би се иселиле ако им се укаже можност.
Студијата, која е изработена од Фондацијата „Вестминстер“, во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ), покажува и дека дури 84 отсто од младите веруваат дека не можат да влијаат врз тоа што и како работат властите, а седум од 10 млади се опишуваат себеси како главно или воопшто неактивни граѓани во општеството.
„Потребно е сеопфатно граѓанско образование. Бидејќи забележуваме промена во тој дел каде ќе се работи на политичката култура на младите, односно нивната поврзаност и нивното место во општеството и во рамките на светот. Има подобрување во овој дел бидејќи тој курикулум се смени. Втор фактор е задоволството односно незадоволство по завршувањето на некакво образование и потоа што со себе, како да се биде на пазарот на трудот. На една неодамнешна трибина од страна на Министерството за труд и социјална политка беше споменато дека во просек околу 18 месеци по завршувањето на студиите е потребно да се најде работа, што е доста долг период“,
вели Низамовски.
Додава дека младинската невработеност во земјава, па и во регионот секогаш била на високот ниво, што е и еден од факторите главно младите да се незадоволни.
„Младинската невработеност секогаш била висока. Така е и во регионот, но процентите во севкупната популација во С Македонија се движеле и до 45 проценти, што е безмалку половина од младите. Овие фактори, но и можностите кои им се пружаат на младите и начинот на кој што сметаат дека тие се консултирани е еден сплет на околности кои влијаат на тоа нивното незадоволство да биде повисоко и нивната иднина да ја гледаат надвор од границите на земјава“,
вели Низамовски.