Сите надлежни институции започнаа проверка за случајот со доделување на финансиски средства од Европската унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вели вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
„Како вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот, во постојана комуникација сум со институциите, а случајот целосно ќе се истражи и расчисти. Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“,
вели Николовски.
*Поврзани вести:
