Ружица Николовска, адвокатка на обвинетиот Горан Ѓошевски во судскиот случај за настаните од 27 април, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за најавениот закон за амнестија на дел од обвинетите за 27 април и за одбраната пред судот на обвинетите Александар Василевски-Нинџа и браќата Младеновски.
– Заради состојбата во општеството, заради интересите на државата и одредени политички партии може да дојде до една таква одлука за амнестија. И знаете што, тоа е акт на политичка мудрост, заради тоа што сите сме сведоци што и како се случуваше. И јас ова, барем од она што се пласира по медиумите како информации, прв слушнав и разбрав дека е премиерот којшто повика на подавање рака и на помирување. Верувајте, тоа е еден човечки гест, и доколку се изнајде модус и начин како тоа да се направи, би било веројатно соодветно. Мојот став уште од самиот почеток е против секакво насилие. Ниту го оправдувам, ниту го дозволувам, напротив го осудувам. Меѓутоа говорејќи сега во еден друг контекст, затоа јас ги кажувам од аспект на правно гледиште, што и како може да се случува. Понатаму во делот и на самата амнестија, видете, вие имате меѓу оние луѓе таму, барем од она што јас го слушам на паузите, помеѓу обвинетите, во судската сала… па не значи дека сите и ја прифаќаат таа амнестија. Има дел од тие обвинети лица коишто велат дека сакаат да ја докажат својата невиност. Не значи дека ова ад-хок се прифаќа и готово, ова е начин за не знам што. Затоа ги кажувам само аргументите за и против носењето во која и да е форма – рече Николовска.
Напишете коментар