За да се реши проблемот со Бугарија, треба повеќе храброст, но и средување на проблемите внатре во државата за да се зголеми притисокот кон Софија, а не политичарите да му пристапуваат инфериорно, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски.
„Не можам да се согласам со политиката на политичкото милје во Македонија, кои на проблемите им пристапуваат од позиција на инфериорност и дека така мора, сметам дека може поинаку, а во случајот со Бугарија, ако Македонија има средени проблеми внатре, ќе биде далеку пред Бугарија и ќе има далеку поголем притисок кон Софија, затоа што Европската Унија сака средени држави, но за жал Македонија во моментов не е“,
рече Николоски утрово во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24.
Според Николоски, битката со Бугарија може да се добие на долг рок, но треба повеќе храброст, средување на домашните работи и лобирање надвор.