Македонија може да почне преговори со ЕУ без уставни измени, затоа што средена Македонија одвнатре ќе значи сериозен притисок врз Бугарија за таа да се откаже од оние барања што ги има. Несредена Македонија ќе значи прифаќање на бугарските барања – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашново гостување на ТВ Сител
Николоски вели дека внесувањето на Бугарите во преамбулата на македонскиот Устав ќе значи дека бугарскиот народ ќе биде конститутивен елемент на Македонија, што е и цел на Бугарите. Тоа, пак, според него, е спротивно на историјата и во тој случај во вода ќе паднат Народноослободителната борба во Втората светска војна, одлуките на АСНОМ и формирањето на македонската држава
Внесувањето на Бугарите во преамбулата на македонскиот Устав ќе значи дека бугарскиот народ ќе биде конститутивен елемент на Македонија, што е и цел на Бугарите. Тоа, пак, е спротивно на историјата и во тој случај во вода ќе паднат Народноослободителната борба во Втората светска војна, одлуките на АСНОМ и формирањето на македонската држава. Вака потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на ТВ Сител објасни што, според него, би значеле уставните измени што ги предлага власта во врска со внесувањето на Бугарите.
Доколку, пак, се прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, односно утавни измани според хрватски модел, Николоски вели дека тоа би значело оти земјава би била национална држава на македонскиот народ и на националните малцинства кои живеат во неа.
„Понудивме хрватски модел кој беше споменуван од власта, а во моментот кога рековме ајде да ја препишеме преамбулата на Хрватска, видовме дека власта рече дека не сака да ја препише затоа што тука се крие една голема далабочина во проблемот со Бугарија, а тоа е доколку се прифати нашиот предлог, во тој случај Македонија би била национална држава на македонскиот народ и на националните малцинства кои живеат во неа“,
нагласи Николоски.
Тој порача дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, односно дека нема да поддржи уставни измени и внесување на Бугарите во преамбулата, но додаде дека партијата има план како да ја однесе земјава до почеток на преговори со Европската Унија.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е точно оти Бугарија има притисок од ЕУ, зашто, како што рече, најголемите земји членки на Унијата сметаат оти земјава не е подготвена да ги почне преговорите поради високото ниво на криминал и корупција. Николоски потенцира и дека земјава може да ги започне преговорите со ЕУ без уставни измени, зашто како што рече, доколку државата е средена одвнатре, тогаш Бугарија ќе се откаже од своите барања.
„Македонија може да почне преговори со ЕУ без уставни измени, затоа што средена Македонија одвнатре ќе значи сериозен притисок врз Бугарија за таа да се откаже од оние барања што ги има. Несредена Македонија ќе значи прифаќање на бугарските барања“,
кажа Николоски.
Прашан колкав период ќе биде потребен за државата да се среди, Николоски одговори дека тоа е можно за шест месеци до една година зашто, како што кажа, дувлата на корупција се познати, а може да се средат доколку за тоа има политичка волја.