Под контрола е ставен пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште, кај селата Белица, а проширен кон Јасен, каде што гореле нискостеблеста и мешана шума
До утрово во 7 и 30 часот се регистрирани 12 пожари на отворено, од кои 11 се изгаснати, а еден е ставен под контрола. На територијата на државата нема активни пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола е ставен пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште, кај селата Белица, а проширен кон Јасен, каде горела нискостеблеста и мешана шума.
Изгаснати се пожарите во општините Теарце, Свети Николе, Велес, Карпош, Сарај, Гази Баба, Долнени, Битола, Куманово и Илинден.
