Покрај Николоски, на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција, сенатор со најдолг стаж и една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција, поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ
На зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која почна утрово, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Советот на Европа. Покрај Николоски, на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција, сенатор со најдолг стаж и една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција, поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка“,
се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така посочуваат дека Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на Македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.
ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Зимската сесија на ПС на Советот на Европа се одржува од 24 до 28 јануари во хибриден формат поради состојбата со корона-пандемијата.