Николоски ги повика граѓаните кога ќе ја прават својата одлука на 20 август оваа година да размислуваат за иднината, да размислуваат за луѓе кои што можат да носат добри одлуки и кои што можат да ги менуваат работите.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во Тетово истакна дека граѓаните на општината веќе можат да ја видат и програмата која што ја предлага советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, а според него тоа е една програма која што ги опфаќа најголем дел од проблемите со кои што се соочува општина Тетово.
„Видовме во минатото, особено во претходните четири години, со претходниот градоначалник и претходното мнозинство на СДСМ и ДУИ дека не само што не се направија работи, туку се направија и лоши работи, пред се тука е големиот скандал со „ШИК ЈЕЛАК“ и обидот за урбанизација од страна на контроверзниот црногорски бизнисмен со српско потекло, Миодраг Дака Давидовиќ кој што на едно крајно сомнителен начин го доби тоа земјиште преку фирми кои што се на офшор дестинации и кои што планираше таму да направи една бетонска џунгла односно целосно да се задуши градот“,
истакна Николовски.
Според него, главниот фокус треба да биде развојот на градот од еколошки аспект но и потребно е отворање на нови потенцијали за инвестиции, а местоположбата на Тетово, вели може да донесе бројни странски и домашни инвеститори кои што би отвориле работни места со што ќе се подобрува економската состојба во државата.
„Ние сметаме дека треба да се развиваат паркови, дека градот треба хумано и зелено да се развива. Исто така сметаме дека треба да се отвораат нови потенцијали за инвестиции, пред се тука мислам на слободната економска зона во која што веќе има три капацитети, но мислам дека капацитетот е некаде над десет капацитети кои што би можело да работата, односно над десет фабрики“,
порача Николоски
Тој вели дека солиден резултат за ВМРО-ДПМНЕ би било освојување на шест советници во рамки на советот, кој што брои вкупно 31 советник, и со таква сериозна победа на ВМРО-ДПМНЕ и освојување на 6 советници според него ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори.