Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и д-р Сашко Кедев со заедничко видео обраќање ги повикаа граѓаните да покажат свесност, совесност и одговорност во врска најголемиот предизвик со кој се соочува државата – здравствен и економски, поради ситуацијата со коронавирусот.
„Државата е пред најголемиот предизвик од своето постоење. Криза од досега невидени размери е пред нас. Да покажеме дека можеме заеднички, да бидеме совесни, доблесни, одговорни и посветени. Македонија тоа го знае и до сега покажала дека може, сега мора да покаже почитување кон себе. Македонија бара брза реакција од секого, а најмногу од најодговорните. Потребни се итни економски мерки за спас на економијата, итни здравствени и санитарни мерки за заштита на здравјето на граѓаните како и почитување на светските здравствени мерки и препораки. Македонија има потреба од одговорно и совесно однесување од сите нас, од сите нас граѓаните на Македонија“,
порача Николоски.
Доктор Сашко Кедев порача дека во време на пандемија сите помагаме на општеството со личен пример, однесување и постапување.
„Мојот апел е да се однесуваме одговорно, свесно и совесно, да ги следиме препораките на стручните авторитети, и да запаметиме дека секој е господар на својот живот и сопственото здравје. Докторите се за да помагаат за здравјето на сите нас, на нашите најблиски и на сите граѓани, меѓутоа сега е моментот кога сите ние треба со своето однесување и личен пример да помогнеме исто така на докторите“,
рече Кедев во обраќањето.