Мелони оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“,
Таа нагласи дека билатералната соработка меѓу Италија и САД мора да се врати во нормални рамки.
„Тоа го кажав и вчера на седницата на владата, имајќи ги предвид претстојните средби“,
рече италијанската премиерка.
Мелони оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри.
„Тие нема повторно да бидат преиспитувани поради една расправа на социјалните мрежи“,
изјави таа.
Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако американскиот претседател за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.
Мелони тогаш возврати дека ниту таа ниту Италија никогаш не молат.
Спорот меѓу Трамп и италијанскиот државен врв дополнително се заостри откако шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, соопшти дека поради навредливите изјави на американскиот претседател го откажува планираното патување во САД.
