Со тоа, се смета дека ќе му се расчисти патот за поранешниот претседател Доналд Трамп во трката за претседател на претстојните избори во САД, кои треба да се одржат во ноември годинава
Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, денеска ќе објави дека излегува од претседателската трка на републиканците, велат извори запознаени со нејзините планови, а пренесува Си-ен-ен.

Со тоа, се смета дека ќе му се расчисти патот на поранешниот претседател Доналд Трамп, со што тој останува единствен кандидат на републиканците во трката за претседател на претстојните избори во САД, кои треба да се одржат во ноември годинава.
Хејли се појави како единствен ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп во прелиминарната кампања на републиканците за претседател. Во супервторникот Трамп победи на 14 од 15 места на Републиканската партија, но Хејли ја спречила неговата победа во Вермонт.
Пред прелиминарните избори во Јужна Каролина во февруари, Хејли вети дека ќе остане во трката до супервторник на 5 март и додаде дека ќе продолжи да се натпреварува на првичните избори додека не гласа последниот човек бидејќи, како што рече, верува во подобра Америка и посветла иднината.
Хејли, која е и поранешна американска амбасадорка во Обединетите нации, се очекува да има кратко обраќање пред новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време каде што ќе ја соопшти одлуката.
Хејли беше последниот ривал на Трамп за републиканската номинација.
На таканаречениот супервторник, Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во 14 од 15 држави – вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас, кои носат многу делегати – елиминирајќи ја Хејли, која победи само во Вермонт.
Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп постигнаа низа победи на прелиминарните избори на таканаречениот супервторник.
Резултатите го отворија патот за уште еден изборен натпревар меѓу Трамп и Бајден, што воедно се први претседателски избори во САД со исти кандидати од 1956 година.
Но, малкумина Американци го сакаат тоа, а анкетите покажуваат дека и Бајден и Трамп имаат низок рејтинг меѓу гласачите.
Хејли во февруари изјави дека нема да се откаже од трката за номинација додавајќи дека не е загрижена за нејзината политичка судбина.
„Не одам никаде. Не се плашам гласно да зборувам тешки вистини. Не чувствувам потреба да бакнувам нечија рака. Не се плашам од одмаздата на Трамп. Не барам ништо од него. Не сум загрижена за сопствената политичка иднина“,
рече Хејли на митинг.