Невреме со обилни врнежи од дожд вечерва го зафати главнито град Скопје, а поплавени се дел од улиците.
Како што јавува А1он, во скопската населба Кисела Вода има потешкотии во сообраќајот поради водата на улиците.
ТВ21 пак, јавуваат дека состојбата во Зелениково е тешка на тамошните жители бидејќи им се поплавени подрумските простории и дел од луѓето се излезени надвор од своите домови.
Управата за хидрометеоролошки работи најави дека во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.
Според УХМР, и утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.