Во повеќе градови во Белорусија, продолжуваат протестите против спорниот реизбор на Александар Лукашенко, кој еден ден претходно ги стави вооружените сили на земјата на „висок степен на предупредување“, поради тврдењата дека Западот распоредува сили на границата на земјата.
Во Минск, денеска на демонстрантите им се приклучи и венчален пар.
На маршот во Гродно денеска, колоната е предводена од штрајкувачите од фабриката Гродно Азот. Лукашенко рече дека од утре ќе ги затвори сите претпријатија во кои се штрајкува.
Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите.
Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.