Израелските медиуми објавија дека американските власти, наводно, го предупредиле Нетанјаху дека неговата земја нема нужно да има способност за маневрирање и поддршка доколку борбите продолжат со месеци
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека војната ќе продолжи се додека не ја постигнат целта.
Сепак, посочи дека ќе продолжи да работи и на ослободување на заложниците кои се уште ги држи Хамас во Газа.
рече Нетанјаху.
„Ќе направиме се за да ги вратиме заложниците дома, да ја завршиме таа мисија, но и да го уништиме Хамас и да се погрижиме Хамас никогаш повеќе да не биде закана за нас и да нема група која му се заканува на Израел од Газа“,

Според него, ќе ја продолжат војната додека не ги постигнат нивните цели.
„Нема начин да се постигнат тие цели освен со победа и нема начин да се победи освен со копнена инвазија“,
додаде тој.
Израелските медиуми објавија дека американските власти, наводно, го предупредиле Нетанјаху дека неговата земја нема нужно да има способност за маневрирање и поддршка доколку борбите продолжат со месеци.
Осврнувајќи се на судирите со Хезболах на северната граница на Израел и Либан, Нетанјаху повтори дека либанската екстремистичка организација ќе биде уништена доколку започне војна со Израел.
рече Нетанјаху.
„Ние цело време оперираме на север против сите напори на Хезболах да дејствува против нас“,
Тој најави дека Израел ќе ја врати безбедноста и на север и на југ, а ако Хезболах направи грешка и влезе во поширока војна, ќе го уништи Либан „со свои раце“.
Прекуграничните судири меѓу Хезболах и израелската армија започнаа еден ден по почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, сојузник на проиранската шиитска организација.
Додека говореше Нетанјаху, илјадници луѓе се собраа на плоштадот за заложниците во Тел Авив, пеејќи ја израелската химна за заложниците.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека конфликтот е обновен, бидејќи Хамас одбил да ослободи уште 15 жени и две деца според договорот за прекин на огнот.
Тој посочи дека достигнување е враќањето на 110 заложници, оценувајќи дека ниту една војска во светот не го постигнала тоа против „терористичка организација“.
Во нападите на Хамас на југот на Израел на 7 октомври загинаа повеќе од 1 200 луѓе, повеќето цивили, а беа земени околу 240 заложници.
Речиси 15 000 луѓе загинаа во израелското бомбардирање и последователната копнена офанзива до примирјето, а од крајот на примирјето бројот на загинати надмина 15 200, меѓу кои 70 отсто се жени и деца.