Една жена и десетгодишно дете кои се во болницата „Св.Наум Охридски“ исто така се во тешка состојба и на апарати за дишење
Две жени се борат за живот на Клиника по експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце, изјави денеска директорот на Ургентен центар Илир Хасани. Жените се на возраст од 35 и 50 години.
„Имаат повеќе од 80 отсто изгореници, и ситуацијата кај нив е многу тешка. Приклучени се на апарати и нивната состојба е неизвесна. Третиот пациент има изгореници од околу 40 отсто“,
соопшти Хасани.
Досега во несреќата починаа четири лица. Синоќа уште едно лице им подлегна на повредите.
И двајцата повредени кои се наоѓаат во Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје – пациентка на возраст од 31 година со 80 проценти изгореници по телото и десетгодишно дете со 70 проценти изгореници по телото се во тешка здравствена состојба и се на механичка вентилација. На Клиниката е хоспитализирана и уште една повредена пациентка на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото која е бремена во седми месец, изјави денеска директорот на таа Клиника, д-р Љубен Арсенков.
За десетгодишното дете за кое вчера проценките биле дека е со помал процент изгореници, по адекватна обработка во операционата сала е евидентирана површина на изгореност на телото од 70 проценти. – Тоа е на механичка вентилација и е во тешка состојба, рече Арсенков.
За состобата на 31-годишната жена рече дека има изгореници и на дишните патишта.
„Механизмот на повредата е таков да реперкусии има и по останатите органи, кои во наредните денови допрва ќе треба да ги предвидуваме“, додаде д-р Арсенко
Гинеколог ја прегледал пациентката, која е бремена во седми месец, и констатирал дека плодот е добар. Според првичната проценка, кај жената имало изгореници од 20-30 отсто и била примена во единицата за интензивно лекување.
*Претходни вести:
Утврден идентитетот на трите деца што загинаа во експлозија на плинска боца во Романовце
Експлозија на плинска боца во кумановско Романовце: Тројца мртви, шестмина повредени
Први фотографии од местото на трагедијата во кумановско Романовце