Новите одлуки донесени на вечерашната владина седница предвидуваат и затворање на трговските центри. Дуќаните во нив може да работат со достава
Ќе останат отворени само пет гранични премина, а за 48 часа се затвора и аеродромот кај Охрид
Владата на вечерашната седница донела одлука дополнително да ги заостри мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Меѓу другото, тие предвидуваат:
-целосно да се забрани работата на кафе-баровите;
-рестораните да може да доставуваат храна дома или на врата на објектите во кои функционираат; присуство на гости во објектите се забранува целосно;
-за влез и излез од земјава ќе продолжат да функционираат петте најголеми гранични премини: Богородица, Ќафасан, Табановце, Блаце и Деве Баир;
-се затвора и аеродромот кај Охрид по 48 часа;
-се забранува влез во земјава и за државјани од средноризичните земји од листата на СЗО, освен со посебни дозволи.
Потврда на новите мерки се очекува на вечерашнава прес-конференција на министерот Венко Филипче.