Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во денешното гостување во отвореното студио на ТВ 24 посочи дека е завршена внатрешната контрола за упадот во магацинот во Струмица каде се пакувала хуманитарната помош. Внатрешната контрола, според неа, констатирала пропусти во случајот кој започнал со прекршување на полицискиот час, а на крај завршил со упад во магацинот за кој немало налог.
„Отпочната е истрага и дадена наредба за проверка“, рече Петровска, а според неа извештајот е класифициран како строго доверлив за да се види кој го наредил упадот.
Упадот во струмичкиот магацин се случи на 30 април, а во него се пакуваа пакети од донација на семејството Заеви.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш го осуди упадот, а неколку пати во јавноста посочи и дека станува збор за политичка хајка.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, порачуваше дека треба да се стави крај на шерифското однесување на Заеви.
*Поврзани вести:
Полицијата влегла во магацинот со донациите од Заев
Заев: Барам одговорност за скандалот во Струмица, Чулев и Мицкоски ги злоупотребуваат институциите
Заев верува дека упадот во Струмица е политичка хајка од ВМРО-ДПМНЕ
Арсовски: Шерифското однесување мора да заврши, Вице Заев им се заканувал на полицајци
