Властите во Јапонија потврдија дека еден од патниците на крузерот Дајмонд Принцес, кој веќе бил излекуван од коронавирусот, повторно се заразил и е позитивен на тестот за проверка Ковид-19.
Седумдесетгодишиот маж од провиницијата Мае, кому присуството на коронавирусот му било утврдено на 14 февруари, бил во двонеделен карантин во Јокохама, каде беше закотвен крузерот.
Оттаму, тој бил препратен во една од болниците во Токио. Таму на 2 февруари е утврдено дека е негативен на тестовите и бил пуштен да си замине дома.
Но, минатиот четврток. осум дена откако било констатирано дека е излекуван, состојбата пак му се влошила. Во петокот, со висока температура (39 степени) бил примен во болницата во префектурата Мае, а во саботата било утврдено дека повторно е инфициран од коронавирус, јави јапонската државна телевизија НХК.
Еден од највлијателните онлајн медиуми во Австралија пак известува дека тоа не е едиствениот случај забележан во Јапонија. Неодамна, според информации од болницата во Осака, една жена била повторно позитивна на тестот за коронавирус, откако веќе била излечена во јануари. Три недели откако ја напуштила болницата, таа се пожалила на болки во грлото и во градите, по што е утврдено дека пак се заразила од коронавирус. Слични информации стигнуваат и од Кина, каде лекарите предупредуваат дека не е исклучена можноста излечените пациенти пак да се заразат, пренесува news.com.au.
„Иако сите пациенти заболени од Ковид-19 се стекнуваат со антитела, се чини дека кај поединци имунитетот не трае долго“, вели Жан Куенгуан, директор на одделот за пулмологија во болницата Кинеско-Јапонско пријателство во Пекинг.
Научниците, и натаму продолжуваат да ги испитуваат коронавирусот и се уште нема цврсти докази, како што укажува експертот Доналд Бурк, дека од Ковид-19 не би можело да се заболи повеќе од еднаш.
Професорот по патологија на медицинскиот универзитет во Њујорк Филип Тиерно за Ројтерс изјавил дека кај некои луѓе тестот може да биде негативен, бидејќи вирусот не им е детектиран во носот или во грлото, но го имаат во белите дробови. Тоа, според него значи дека може и да не се појават видливи симптоми, туку состојбата да се влоши тогаш кога вирусот ќе се активира во белите дробови.