Лидерот на Беса неодамна најави дека кон парламентарното мнозинство ќе се приклучат уште двајца пратеници кои досега беа во опозицискиот табор
Фадил Зендели, потпретседател на парламентот од владејачката Беса, вели дека нема проблем во функционирањето на парламентарното мнозинство и владината коалиција, туку дека проблемот е меѓу пратениците на ДУИ.
„Нема проблем во владиното мнозинство. Проблем има во пратеничката група на ДУИ“
изјави Зендели и посочи дека интегративците треба во разумен рок да најдат решение.
Пратеникот посочи дека Беса има забелешки за распределбата на проектите од култура и дека министерката за култура Ирена Стефоска не се консултирала со заменик-министерот за култура во врска со нив. Тие бараат од премиерот прераспределба на средствата за поддршка на проектите од културата.
Лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави неодамна дека наскоро двајца пратеници од опозицијата, од албанскиот политички блок, ќе се приклучат кон парламентарното мнозинство, односно дека ќе преминат во неговата партија.