Во нападот се погодени маркети ширум Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија, Финска, Италија, Германија и Португалија. Кај дел од нив температурата на фрижидерите и замрзнувачите достигнала до 50 Целзиусови степени
Портпаролот на ЕК, Томас Рење, рече дека случаите ги истражува секоја земја поединечно, додавајќи дека Комисијата ја следи нивната работа и е подготвена да обезбеди размена на податоци меѓу засегнатите земји за причините и последиците од ваквите напади
Серијата кибернапади што ги погодија системите за ладење во десетици супермаркети во најмалку десет европски земји, според Европската комисија, се намерен обид за нарушување на синџирите за снабдување со храна.
Портпаролот на ЕК, Томас Рење, рече дека Комисија веќе одржала две средби во врска со ова прашање – една со претставници на европските служби, вклучително и со Европол, а втората со претставниците на засегнатите земји. Додаде дека случаите ги истражува секоја земја поединечно, а дека ЕК ја следи нивната работа и е подготвена да обезбеди размена на податоци меѓу засегнатите земји за причините и последиците од ваквите напади.

„Овие инциденти уште еднаш покажуваат како кибернападите можат да ги нарушат основните услуги и да влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Ова не се изолирани инциденти и секако мораме колективно да бидеме отпорни и подготвени за вакви киберинциденти“,
изјави тој.
Супермаркети низ најмалку десет европски земји во понеделникот беа погодени од кибернапад чија цел се дигиталните системи за ладење. Во нападот се погодени маркети ширум Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија, Финска, Италија, Германија и Португалија. Кај дел од нив температурата на фрижидерите и замрзнувачите достигнала до 50 Целзиусови степени.
Нападите се случуваат три недели откако слични хакерски упади предизвикаа прекин во работата на 700 француски маркети, предизвикувајќи загуба на храна проценета на десетици милиони евра.
Белгиската компанија „Сабкобел“, која произведува дел од опремата за ладење, соопшти дека системите за ладење биле префрлени во режим на одмрзнување, што предизвикало нагло зголемување на температурата. Напаѓачите се осомничени дека го користеле истиот метод како кога беа нападнати маркетите во Франција во октомври.
Повеќето супермаркети низ Европа имаат централизирани дигитални системи кои управуваат со температурата во фрижидерите и замрзнувачите. Овие системи често се поврзани на интернет за да може да се следат и одржуваат од далечина. Па така, хакерите не мора физички да влезат во маркетот за да предизвикаат материјална штета.
