Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема намера да прими вакцина против коронавирус.
Во синоќешната видеопорака објавена на социјалните мрежи, тој кажа дека бразилскиот Конгрес нема да донесе уредба за воведување задолжителна вакцинација и дека од граѓаните нема да се бара да се вакцинираат.
„Јас отворено ви кажувам, нема да ја примам. Тоа е мое право“,
рече Болсонаро.
Болсонаро во видеопораката, исто така, уште еднаш изрази сомнеж во ефикасноста на носењето маска и посочи дека засега има премалку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.
Тој на почетокот на пандемијата, исто така, го оспоруваше носењето маска како мерка за спречување на ширењето на вирусот, но подоцна во јавните настапи секогаш ја носеше.

Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени со коронавирус со 6 204 570 и 171 497 починати, по САД и Индија.