Зоран Нечев од од Институтот за демократија Социетас цивилис, во дебата на „360 Степени“, ги коментираше изјавите на премиерот Зоран Заев упатени кон клучните земји на ЕУ, за тоа што би се случило доколку нема датум за почеток на преговори.
Нечев рече дека се изјавата на Заев била нерационална и непотребна.
– Она што оваа влада не успева добро да го пренесе на јавноста е менаџирање со очекувањата. Многу е тешко да објасните на луѓето дека давате изјава за надвор, со тоа што велите, ако ова не успееме да го протуркаме сега, ако не добиеме почеток на преговори, јас ќе дадам оставка, и после да кажете, ама тоа нема да се случи, бидејќи тоа беше изјава дадена спрема надвор. Мора да се внимава на вакви изјави, тие да не се повторуваат, зашто многу е тешко после дома да се убеди јавноста дека тоа не било така како што премиерот велел. Да се навратиме и назад. Минатиот јуни, изјавите беа дека има датум… па дека имаме европски пат којшто ќе води кон датум – рече Нечев.