Претходно неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека при одмерувањето на казната судот треба да ги има предвид признавањето вина и каењето што Васил го покажал уште во првиот момент и да биде соодветна на изнесените докази. Рече дека не може да се читаат подготвени говори и Јованов да се прогласи за ѓавол што треба да биде обесен на плоштадот во Скопје
Почитуван суд, имам грижа на совест и носам голем товар за тоа што го сторив и не можам да ви објаснам какво каење чувствувам. Ова го кажа обвинетиот Васил Јованов во завршните зборови на денешното рочиште на кое тој призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова.
„Не поминува ден, а да не се молам за душата на Фросина и за здравјето на нејзиното семејство. Ова е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до фамилијата и најдлабоко извинување за оние што ја познаваат. Не знам како ќе продолжам со остатокот од мојот живот“,
рече Васил Јованов.
Претходно неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека при одмерувањето на казната судот треба да ги има предвид признавањето вина и каењето што Васил го покажал уште во првиот момент и да биде соодветна на изнесените докази. Рече дека не може да се читаат подготвени говори и Јованов да се прогласи за ѓавол кој треба да биде обесен на плоштадот во Скопје.
„Да биде анализирано сè и да се донесе санкција. Што повеќе да направи Васил по извршената сообраќајка. Беа изречени ноторни лаги дека избегал од местото, па се вратил во 3 часот. Да престанеме со инсинуации, лаги и невистини. Неговиот однос кон стореното се рефлектираше на денешното рочиште. Искрено и длабоко каење ќе го прогонува целиот живот. Мора да се индивидуализира и конкретизира, а не да се бара доживотна казна што не е предвидена за ова кривично дело. Оваа медиумска и политичка хајка со заблагодарување на високи владин функционер имаше цел најмногу да се оцрни Васил. Васил не е убиец”,
рече неговиот адвокат во завршните зборови.
Судијката Снежана Марковска рече дека бидејќи судот денеска не е во можност да ја донесе пресудата, како датум кога таа ќе биде соопштена, го одреди 13 мај, односно во вторник.