Бранителот на Перпарим Бајрами, адвокатот Еленко Миланов, пред судот кажа дека со неговиот клиент во средата (16 септември) извршиле увид во доказниот материјал на обвинителството, по што од консултацијата со Бајрами заклучиле дека во него нема докази, а кои сметаат дека се важни за нивната одбрана
Дека не се чувстува виновен денеска се изјасни и осмо обвиетиот, Башким Авди, кој тоа не го стори на претходното рочиште бидејќи бараше превод на обвинителниот предлог и на доказите на неговиот мајчин, албански јазик

Првообвинетиот во случајот „Државна лотарија“, поранешниот директор на државното претпријатие Перпарим Бајрами денеска седна на обвинителна клупа во скопскиот Основен кривичен суд и се изјасни дека не се чувстува за виновен за кривичното дело злоупотреба на службената положба шти му се става на товар.
Ова доаѓа откако на 9 септември, по речиси двегодишно бегство тој самиот се врати во земјава, по што беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари на издржување на претходно определениот притвор.
Бајрами од таму беше спроведен на денешното рочиште, а судијката Билјана Шуплиновска-Јовевска констатира дека со тоа престанува важноста на решението донесено на претходните рочишта на обвинетиот да му се суди во отсуство.
Покрај него, во предметот се обвинети и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, и петмина ексчленови на Надзорниот одбор на претпријатието – Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авди.
Пред почетокот на рочиштето додека Груби, чиј спровод од куќен притвор доцнеше петнаесетинати минути, пред да седне на обвинителната клупа се поздрави со Бајрами.
Дека не се чувстува виновен денеска се изјасни и осмо обвиетиот, Башким Авди, кој тоа не го стори на претходното рочиште бидејќи бараше превод на обвинителниот предлог и на доказите на неговиот мајчин, албански јазик.
Пред изјаснувањето за вина на двајцата обвинети, обвинителатвото уште пред судот го прочита обвинителниот предлог.
Претходно, на минатото рочиште дека не се чувствуваат како виновни се изјаснија и ексвицепремиерот Артан Груби, поранешниот генсек на Владата Методија Димовски и останатите четворица поранешни членови на надзорниот одбор на АД Лотарија.
Инаку, при утврдувањето на генералиите, Бајрами пред судот, меѓу другото наведе дека има високо образование и оти не поседува имот на свое име.
Откако судијката направи ретроспектива на процесните дејствија преземени на претходните рочишта, за збор се јави бранителот на Перпарим Бајрами, адвокатот Еленко Миланов. Тој, пред судот кажа дека со неговиот клиент во средата (16 септември) извршиле увид во доказниот материјал на обвинителството, по што од консултацијата со Бајрами заклучиле дека во него нема докази, а кои сметаат дека се важни за нивната одбрана.
Миланов наведе дека поради краткиот временски рок не успеал да ги собере доказите. Тој кажа дека станува збор за обезбедување завршна сметка од АД Лотарија за 2024 година, договорот склучен меѓу Перпарум Бајрами како тогапен директор со надзорниот одбор, одобрението од собранието на акционери на претпријатието. Потоа наод и мислење од технички советник на одбраната, во однос на средстава кои се наоѓаат магацините на АД Лотарија, кои како што кажа сега се со поголема вредност од онаа по која биле набавени додека директор бил Бајрами.
Миланов најави дека ќе бидат прибрани и записници од Државниот пазарен инспекторат и од Управата за јавни проходи. Адвокатот рече дека денеска може да ги најави овие докази и побара од судот да ги нотира како дел од доказите што како бранител веќе ги доставил до судот.
Обвинителството кажа дека по однос на барањето ќе се изјасни дополнително.
Бранителот на обвинетиот Бојан Јанев, адвокатот Јордан Апостолски побара од Обвинителството и од судот да го отфрлат обвинителниот предлог, бидејќи по увидот во доказите, како одбрана не нашле ништо што го инкриминира овој обвинет.
„И покрај краткиот временски период успеав да го анализраме доказниот материјал и првиот впечакот е дека Бојан Јнаев не го сторил делото што му се става на товар. Сметаме дека сите заклучоци на обвинителството во диспозитивот на обвинението се неточни и погрешни. Секое понатамошно соочување на Бојан Јанев со ова обвинение би значело повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права“,
рече Апостолски.
Во однос на неговото барање, од обвинителството посочија дека има доволно докази кои укажуваат на вина кај обвинетиот Јанев.
И судијката Шуплиновска-Јованова рече дека како судија поединец не би дозволила да се води неоснована судска постапка, така што предлогот на одбраната на Јанев беше отфрлен.
Судскиот процес продолжи со наведување на доказите и сведоците што одбрната ќе ги предложи во текот на процесот. Одбраната мораше тоа да го стори на денешното рочиште бидејќи во спротивно, нема да може да доставува докази и сведоци во натамошниот дел од судењето.
Дел од одбрната, наведе дека како сведок ќе го повикаат и актуелниот директор на Државна лотарија, Александар Климовски.
Обвинителството и одбраната се судрија околу начинот на изведување на доказите на обвинителството. Имено, од обвинителството рекоа дека ќе ги читаат доказите, на што одбрната реагрише со барање да биде дадено нивно образложение. Реплицирајќи и на одбраната, обвинителите рекоа се повикуваат на судњето за пожарот во „Пулс“, каде адвокатот Еленко Миланов, барал доказите да се читаат, а сега се бара сосема спротивен пристап.
Судијката наведе дека нема да сд читаат доказите, но ќе има образложение на некои од нив, доколку тоа го побара одбраната.
По ова обвинителството побара да почнат со изведување на доказите, за како што кажа, да имаат повеќе време да одговорат на забелешките на одбраната. Судијката го прифати предлогот. Следното рочиште е закажано на 23 септември во 10 часот.
Инаку, обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле границите на своите службени овластувања, иако знаеле дека АД „Државна лотарија“ нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали. Ова право уште во 2013 година било вложено како непаричен влог од 6,2 милиони евра во основањето на заедничката компанија „Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА“, каде АД „Државна лотарија“ поседува 51 отсто од уделот.
