Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија нема да ги слуша критиките што доаѓаат од Запад и во врска со пресудата за опозиционерот и за полициските акции против демонстрантите
Поранешниот претседател на Полска, нобеловецот Лех Валенса го предложи рускиот опозиционер Алексеј Навални за Новелова награда за мир.
„Се радувам што можам да го предложам Алексеј Навални за Нобелова награда за мир за 2020 година, како признание за неговата храброст и напорите во објаввање на корупцијта, одбраната на политичкиот плурализам и отпорот н се поавторатвниот реим на Русата Федерација“,
се вели во писмото на Валенса до Нобеловиот комитет.
Валенса го посочува Навални како борец за идеалите на демократијата и против тоталитарниот систем.
Валенса, кој како лидер на синдикатот „Солидарност“ се бореше против комунистичките власти во Полска, во 1983 година ја доби Нобеловата награда за мир.
Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од петмесечното лекување во Германија, по што судот во Москва во вторникот го осуди на 32 месеци затвор за кршење на условната казна за време на престојот во Германија.
Пресудата предизвика критики од меѓународната заедница и предизвика нови протести во Москва и Санкт Петербург, на кои се уапсени илјадници луѓе.
Во Русија утре почнува судење за Навални за клевета.
Тој денеска преку Инстаграм ги повика ги повика своите приврзаници да го надминат стравот и да ја ослободат Русија од „крадците“ на власт.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија нема да ги слуша критиките што доаѓаат од Запад и во врска со пресудата и за полициските акции против демонстрантите.