Во саботата наутро била повикана брза помош бидејќи Навални имал акутни стомачни болки, но не добил дијагноза, објави на Твитер еден од неговите адвокати Вадим Кобзев откако го посетил во затворот
Здравствената состојба на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се влошува во затворот, најверојатно поради ново труење, а тој е вратен во самица по неколку дена поминати во редовна ќелија, изјави денеска Ана Ведута, портпаролка на неговата антикорупциска фондација во Вашингтон.
Ведута за „Асошиејтед прес“ изјави дека на Навални (46) му се слошило минатиот петок кога бил пуштен од самица и сместен во редовна ќелија и дека во изминатите 15 дена изгубил осум килограми.
Во понеделникот, Навални на Твитер напиша дека е вратен во самица на уште 15 дена казна.
Во саботата наутро била повикана брза помош бидејќи Навални имал акутни стомачни болки, но не добил дијагноза, објави на Твитер еден од неговите адвокати Вадим Кобзев откако го посетил во затворот.
„Веруваме дека полека му се даваат мали дози отров преку апчиња“,
рече Ведута.
Во 2021 година Навални беше отруен со нервен гас, што за малку ќе доведеше до негова смрт. Тој ги обвини властите во Кремљ за тоа.
По пет месеци закрепнување во Германија, тој се врати во Москва во 2021 година, каде што беше уапсен. Потоа беше осуден на две и пол години затвор, а минатата година доби нови девет години врз основа на нови обвиненија.