Утрото ќе биде ведро и многу студено, со минусни температури низ целата земја
Денеска нè очекува сончево, но студено време. Во текот на утрото ќе биде ведро и многу студено, со минусни температури низ целата земја. Ќе дува слаб ветер, главно од север.
Минималните температури, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе се движат во интервал од -12 до -4, додека максималните ќе се искачат од 0 до 9 Целзиусови степени.
Времето во Скопје од изутрина ќе биде студено, а во текот на денот сончево со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервал од -6 до 7 степени.
Сончево, но студено време, УХМР најавува и за утре.