Националниот совет за родова рамноправност, како мрежа на повеќе од сто женски локални организации во државата, бара од мандатарот на Владата, Зоран Заев, при составување на Владата да биде запазен принципот на повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт.
„Вие досега докажавте, поставувајќи 50 проценти жени на кандидатските листи на коалицијата „Можеме“ на изборите 2020, дека за вас тоа е водечки принцип и истото го очекуваме и при составувањето на оваа влада. Нашиот пат е Европската Унија и како пример би ја посочиле Репиблика Франција, каде од 31 министерства, 17 од нив ги водат жени. Успешните држави во кои владее рамноправноста гарантираат благосостојба на сите граѓани/ки, каква што во иднина сакаме да биде Република Северна Македонија“
пишува во барањето на Националниот совет за родова рамноправност.