Фотографиите се направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“, во јули
Американската вселенска агенција НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.
„Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро“,
изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот Калифорнија, во Беркли, САД.
Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на кои има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вителот на поларната маглина. Големата црвена дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали витли.