Станува збор за тест-лет кој ќе биде без екипаж и доколку биде успешен астронаутите за неколку години би можеле да се вратат на Месечината по цели 50 години
Американската вселенска агенција НАСА денеска ќе има втор обид да ја лансира својата најмоќна ракета досега „Артемис 1“.
Лансирањето првично беше планирано за 29 август, но поради проблеми со еден од моторите беше одложено.
По отстранувањето на техничките проблеми, доколку дозволат временските услови лансирањето ќе случи денеска од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.
„Мораме да се појавиме, мора да бидеме подготвени и мора да видиме што ќе донесе денот“,
им рече на новинарите Мајк Серафин, менаџер на мисијата Артемис на НАСА.
Целта на ракетата висока речиси 100 метри ќе биде да фрли капсула во правец на Месечината, нешто што не се случило од крајот на проектот Аполо во 1972 година.
Доколку мисијата денеска почне тогаш капсулата „Орион“, што е фиксирана на врвот од ракетата, во вселената ќе треба да мине 37 дена, орбитирајќи околу Месечината на оддалеченост од речиси 100 километри.
Станува збор за тест-лет кој ќе биде без екипаж и доколку биде успешен астронаутите за неколку години, според плановите во 2024 година, би можеле да се вратат на Месечината по цели 50 години.