Осомничениот со лак и стрела изврши напади на неколку локации во Конгсберг што е најлошиот во Норвешка од 2011 година, кога екстремниот десничар Андерс Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствуваа на младински политички камп
Норвешката полиција го означи осомничениот за пет убиства со лак и стрела вчера во норвешкиот град Конгсберг, како потенцијална закана поради радикално однесување.
Као што објавуваат медиумите денеска, полициските службеници се загрижени поради тоа што се работи за лице што се преобратило во ислам и дека е можно да бил под влијание на радикални ставови, изјавил на прес-конференција шефот на полицијата Оле Брадруп Северуд.

Данецот (37) беше уапсен синоќа за напад со лак и стрела во супермаркет во Норвешка. Тој уби пет лица, а двајца се тешко повредени.
Полицијата добила пријава за нападот вечерта, а осомничениот бил уапсен 34 минути подоцна. Очевидци раскажале дека во налетот биле убиени пет лица, додека голем број луѓе панично бегале по улиците обидувајќи се да се спасат.

Тој во моментов е во притвор, а полицијата претходно соопшти дека е во тек истрага за да се утврди дали се случил терористички акт во Норвешка.