Меѓу поентите од сведочењето, се издвојува и тоа дека напаѓачот имал дрон кој го „летал“ на местото на собирот во Пенсилванија, два часа пред пукањето
На 6 јули, една недела пред пукањето напаѓачот пребарувал „колку далеку бил Освалд од Кенеди“ на интернет и се регистрирал за митингот на Трамп. Деталите од истрагата ги откри директорот на ФБИ Крис Вреј, за време на сведочењето пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Според него, деновите пред пукањето, осомничениот Томас Крукс станал многу фокусиран на претседателот Трамп и неговиот предизборен митинг. Како што пренесува Би-би-си, ФБИ се уште нема утврдено мотив за нападот. Но не веруваат дека Крукс имал соучесници.
Меѓу поентите од сведочењето, се издвојува и тоа дека напаѓачот имал дрон кој го „летал“ на местото на собирот во Пенсилванија, два часа пред пукањето. Дронот бил пронајден во автомобилот со уште три експлозивни направи со можност за далечинско детонирање.