Претходно локалните канали објавија дека освен кон Одеса, борбени дронови се упатуваат и кон приморските градови Черноморск и Јужни
Одеса и регионот беа нападнати од над 10 дронови од Црното Море, објави градоначалникот на градот Генадиј Труханов на апликацијата Телеграм. Во градот одекнаа силни експлозии, додаде тој.

Според прелиминарните информации, најмалку четири лица се повредени во нападот, изјави претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер.
„Непријателот ја нападна Одеса и регионот со беспилотни летала, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура и автомобили“,
напиша Кипер на Телеграм.
Остатоците од пресретнатата цел предизвикале пожар. Сите надлежни служби ги елиминираат последиците од нападот, додаде претседателот на Регионалната воена управа на Одеса.
Претходно локалните канали објавија дека освен кон Одеса, борбени дронови се упатуваат и кон приморските градови Черноморск и Јужни.
Властите ги повикаа жителите да се засолнат во засолништата за бомби.